Економија, финансии, бизнис

Контакт

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХ: Кој го претвори здравјето во партиски маркетинг?

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХ: Кој го претвори здравјето во партиски маркетинг?
Скопје, Тетово и Битола сеуште  се високо на листата на најзагадени градови. Овие три града  се постојани тркачи во маратонот од континуирани триесет дена со над педесет микрограми на метар кубен- алармираат активистите. Енормно високите резултати за загадување на воздухот продолжуваат и викендов.  Светската банка ја рангира Македонија на петтото место по смртност од загаден воздух, а на  годишно ниво како што велат се припишуваат по 1350 смртни случаи како последица од загадувањето со пм 10 и пм 2.5 честички. Од Иницијативата “Ќе Дишеме или Ќе Издишеме”  уште во април  годинава  јавно го соопштиja бројот на случаи со респираторен проблем  кој во 2014-та година изнесувал  867 517 случаи од кои  282 660 се деца до шест години. Во оваа статистика  велат од Иницијативата не е влезен бројот на лица кои имале проблеми со невролошкиот и кардиоваскуларниот систем како последица од загадениот воздух. “Скоро половина нација се соочила со симптомите на алергија ,стегање во градите,отежнато дишење,губење на здивот, астма, неправилно срцебиење. По овој наш настап има молк од сите институции.Тие не го обајвија ниту шестмесечниот извештај  за 2015-та година.Како иницијатива остануваме на ставот дека во јануари Институтот за јавно здравје мора да го објави годишниот извештај и бараме истиот  да се соопшти на граѓаните. Деновиве е популарна беше  паролата "Засади ја својата иднина"  на која екологистите не можеа, а да не одговорат со паролата "За да ја засадиме својата иднина треба да ја преживееме сегашноста". А сегашноста е следнава: најголемите градови се наоѓаат на светските листи на најзагадени градови”-вели активистката Ангела Илиевска. Zagaduvanje-vozduh-protest_003 Управувањето со квалитетот на воздухот според неа е политика, а не партиски маркетинг бидејќи како што вели неможе  да  се промовира садење на дрвја  ако претходно  имало масовно сечење. Дополнително, додава дека е недозволиво  садење на дрвја во неурбани средини, ако претходно се исечени голем број дрвја на клучните крстосници во градот. Во овој момент апелираат на соединување на сите еко -иницијативи во една единствена платформа  со цел побрзо, поефективно и поквалитетно справување во вакви кризни моменти. “Не смеете да дозволите прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат, а неодамна токму тие улици сте ги отвориле за премин на тешки товарни возила (со затворање на обиколница и автопат на еден месец за снимање на филм). Неодговорно е да земате средства од европски фондови за извештаи на Институтот за јавно здравје,  а да не ги соопштите тие бројки на јавноста.Не е пристојно да манипулирате со набавка на мобилни мерни станици, а податоците од истите никаде да ги нема”-реагира Илиевска. Решенија вели  имало и ќе има,  но најпрво треба да се адресираат виновниците. Досегашната практика на решенија и казни само на хартија, според активистите мора да сопре. “Поставувањето на функција значи одговорност и превземање на сите штетни последици врз граѓаните.Министерот за животна средина не смее својот мандат да го троши само на апели за чист воздух.Тој е оној којшто е во можност да ги затвори индустриските капацитети кои одбиваат да стават филтри,  да спроведува автономна политика и да се спротивстави на Владата за премалиот буџет кој е одвоен за справување со загаден воздух.Во овој момент е потребна ургентна акција на властите,институциите и поединците”- додава Ангела  Илиевска. Еколозите и активистите за здрава животна средина предлагаат неколку конкретни чекори кои според нив ќе бидат почеток за подобрување на состојбите: - Пренаменување на средствата добиени од обиколницата и снимањето на францускиот филм во средства за справување со загадениот воздух; - Средствата кои се земаат при регистрација на возилата наменети за екологија (110 денари од возило) да се искористат за справување со загадениот воздух; - Затворање на индустриските капацитети кои немаат и одбиваат да стават филтри; - Изготвување на студија за адресирање на виновниците а не постојано префрлање на вината на граѓаните; - Опција пар- непар за автомобилите; - Воведување на т.н. урбана еко патарина - сите оние возила кои поминуваат помалку од 10 км да се заменат со градскиот превоз; - Субвенционирање на јавниот превоз; -Директно вклучување на Институтот за јавно здравје,Институтот по белодробни заболувања и пулмологија во изготвување на сет мерки - Мораториум на сите градби кои го спречуваат струењето на воздухот; Според активистите, бројот на пријавени случаи  кои имаат проблем со респираторните органи само во 2014-та година изнесува 867.517. Додека за некого бројките се само бројки,за нив како што велат  борбата за воздух е борба за живот.Она што според нивните статистики треба да го загрижува секој граѓанин е дека бројот на случаи само на  деца до шест години  со респираторни болести изнесува 282 660 кој предничи пред вкупниот број на лица од 20 до 59 години кој изнесува 249 747. Последните мерења објавени на страницата на Министерството за животна средина покажуваат дека средно и високо загадени биле речиси сите локации на кои што се испитува квалитетот на воздухот. Извештајот за Зелен раст на Светска банка минатата година ја става Македонија на петто место според годишните смртни случаи предизвикани токму од загаден воздух, а ПМ честичките се посочени како најзначајни загадувачи кои се поврзуваат со долгорочни респираторни, додека загадениот воздух во земјава годишно убива по 1. 350 луѓе. Според податоците на веб-страницата „Нумбео“ , која собира податоци за загадување во градовите во различни категории Скопје годинава е на трето место во Европа со многу висок индекс на загаденост од 81,23. С.Б,  
Слично

Поврзани вести