Економија, финансии, бизнис

Контакт

КВАДРАТ ВО ЦРНА ГОРА И ДО 7.000 ЕВРА - цените не престануваат да растат, предничат Тиват и Будва

КВАДРАТ ВО ЦРНА ГОРА И ДО 7.000 ЕВРА - цените не престануваат да растат, предничат Тиват и Будва

Цените на недвижностите во Црна Гора продолжуваат да растат. Во споредба со првото полугодие од 2021 година, цените се повисоки за 10 проценти.

„Пред се, имаме постојана и стабилна побарувачка. Некаде откако здравствената состојба се подобри, побарувачката за недвижен имот се зголеми. Друг фактор е зголемувањето на цената на градежните материјали за некаде помеѓу 35-40 отсто. Цените најмногу се зголемија на железото, бакарот и ПВЦ материјалот. Железото кое лани изнесуваше 600 евра за тон, годинава изнесува околу 1.000 евра. Многу фабрики во Европа во пандемијата беа затворени и не работеа поради проблеми со работната сила“, посочија Стопанската комора на Црна Гора за Боје јутра, пренесува Вијести.

„Најскапиот квадрат е на приморјето. Во Тиват, ако зборуваме за заливот Луштица за некои квалитетни локации, цените се движат од 2.700 до 7.000 евра, во внатрешната градска зона во Тиват е од 2.500-3.000 евра, а во предградието околу 1.500 евра. Цените во Будва се доста високи од 1.800 евра за метар квадратен, а некаде и до 4.000. евра“, рече Грујиќ.

Тој додаде дека банките ги намалија каматните стапки на депозитите, па затоа донекаде на луѓето повеќе им се исплаќа да штедат на недвижен имот.

„На Стариот аеродром во нова зграда, можете да најдете квадратен метар стан од 1.100 до 1.200 евра, додека кај Забјело, квадратот беше 1.100 евра, а веќе сега 1.200“, рече Грујиќ.

Слично

Поврзани вести