Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кувајт има грандиозен нафтен план

Кувајт има грандиозен нафтен план

Кувајт, член на ОПЕК, ќе вложи околу 100 милијарди долари во нафтени проекти во цел модернизација на најважниот економски сектор во наредните пет години.

„Веќе покренавме имплементација на стратегијата за 2030, а вкупната потрошувачка во наредните години се проценува на 100 милијарди долари“, изјавил министерот за енергетика на Кувајт, Али ал Омар во Кувајт.

Ал- Омар додал дека сретствата ќе бидат вложени во бројни проекти во врска со производството, преработката и транспортот на нафта. Кувајт планира да го зголеми производството на нафта од 3,2 на четири милиони барели дневно до 2020 и да го задржи тоа ниво до 2030 година.

Приходите на нафтениот сектор  сочинуваат околу 94 одсто од вкупните јавни приходи на Кувајт. До крајот на 2015, е планиран раст на производството на нафта на 3,5 милиони барели дневно, изјавил извршниот диектор на државниот нафртен конгломерат Кувајт петролеум корп Низар ал -Адасани.

Кувајт минатата година лансирал два големи проекти: еколошко прилагодување на две од три рафинерии вредно 12 милијарди долари и проект на производство на тешка нафта вреден 4,2 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести