Кустурица: Руската вакцина за народот, фајзеровата ја сака елитата
Филмскиот режисер Емир Кустурица изјави дека ја примил руската вакцина против ковид 19, проценувајќи дека повеќето Срби веруваат најмногу во ефективноста на Спутник V.
"Елитата во Белград, која одржува блиски односи со Западот, верува во Фајзер и Модерна, но мислам дека 80 проценти од Србите веруваат и во ефикасноста на вакцината Спутник V. Тие веруваат дека тоа е најдобрата вакцина", изјави Кустурица за Државната агенција на Русија.
Во интервјуто, чиј дел беше објавен на сметката на „Телеграм“ на Агенцијата, тој изрази надеж дека Србија ќе има повеќе дози.
„Оваа вакцина е најважна за нас сега“, истакна тој.
Кустурица рече дека ја примил првата доза на вакцината Спутник V, а втората треба да ја добие во среда, на 17 февруари.
