Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кусари: Косово во иднина нема да дозволи арогантен третман од Македонија

Кусари: Косово во иднина нема да дозволи арогантен третман од Македонија
Блокадата е наша лекција за Македонија за во иднина. Тие се научени Косово да биде добро дете кога станува збор за договори, а тие и другите држави разгалени деца – изјави косовската вицепремиерка и министер за трговија Мимоза Кусари по преговорите со македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини. Министерката Кусари, како што пренесува порталот Алмакос, вели дека на македонската влада треба да и биде јасно дека Косово во иднина нема да дозволи таков третман, а одлуката на македонските власти за блокирање на границата била ароганција и покажување супериорност кон Косово. Министерот Сарачини во изјавата што ја пренесува Алмакос рекол дека се при крај со договорот за деблокада на границата и додал дека се плаши оти ако тоа не се случи можни се немири.  
Слично

Поврзани вести