Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курц: Македонија има иднина и просперитет во ЕУ

Курц: Македонија има иднина и просперитет во ЕУ
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски,  денес оствари средба со сојузниот министер за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, Себастијан Курц, кој денеска е во посета на Скопје, со кого ги отвориле темите за економијата, политичките односи како и за важноста на Европската унија. Според Поповски Австрија е еден од клучните двигатели на економските активности во Македонија бидејќи таа е втор најголем инвеститор во земјава и регионот. Според него многу значајно е тоа што годинава Австрија ќе биде домаќин на Виенската Конференција на која ќе бидат упатени пораки и ќе бидат преземени конкретни мерки за задржување на интеграциската агенда на Западен Балкан  кон ЕУ. „Во периодот во кој очекуваме и формално отпочнување на преговорите со ЕУ најпотребно е за Македонија да го искористиме инструменотот „пристепен дијалог на високо ниво“ со Евроспката Комисија. Да продолжиме со реформите кои ни се значајни и пред и по членството во ЕУ и на тој начин да помогнеме за создавање на една поволна клима за реализација на најбитниот проект-интеграцијата во Европската Унија и на тој начин обезбедување на мир, просперитет и економски развој“, подвлече Попоски. Попоски на својот колега му се заблагодари за неговата посета како и за досегашната соработка која ќе продолжи и во иднина. „Оваа соработка не е само на лично ниво. Македонија и Австрија негуваат соработка и во повеќе области. Австрија е втор најголем инвеститор во Македонија со до сега инвестирани 437 милиони евра преку 50 претпријатија, а во тек се планирани уште 10 твиниг проекти во доменот на екологијата, социјалните работи и администрацијата, истакна Себастијан Курц. Тој подвлече дека Македонија треба да продолжи со реформите како и до сега, но децидно ја замоли опозицијата да се врати во Собранието бидејќи, како што истакна тој, тоа е местото каде се води дијалогот. Според него Македонија има иднина и просперитет во ЕУ, а за процесот со името тој смета дека трае предолго и дека мора што поскоро да се изнајде решение.    
Слично

Поврзани вести