Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курц и Чавков: Ситуацијата во Македонија е драматична, ЕУ да помогне!

Курц и Чавков: Ситуацијата во Македонија е драматична, ЕУ да помогне!

Ситуацијата во Македонија е драматична, а земјата е оставена сама да се справи со големиот број имигранти и затоа ЕУ треба да и помогне.

Ова го изјави министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц за време на посетата на Гевгелија.

"Потребен е заеднички пристап и не треба понатаму да се дозволи во Македонија да влегуваат нерегистрирани имигранти од Грција. Европската унија конечно треба да ја погледне и бегалската рута низ Македонија, а не само онаа во Италија", истакна Курц.

Во исто време министерот за внатрешни работи на Митко Чавков, кој го придружуваше австрискиот колега, посочи дека само во саботата во Гевгелија имало прилив од 8.000 бегалци, што претставува една третина од населението на градот. Тој додаде и дека со секој изминат ден притисокот на бегалците станува поголем поради нивниот неконтролиран влез од Грција.

"Од гледна точка на безбедноста успеваме да ги заштитиме од организирани групи и криминални мрежи кои ги пресретнуваат и нелегално ги превезуваат до Србија", рече Чавков.

Слично

Поврзани вести