Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУРТИ ЗА СРЕДБАТА СО ЕСКОБАР И ЛАЈЧАК: Не добив никаков ултиматум

КУРТИ ЗА СРЕДБАТА СО ЕСКОБАР И ЛАЈЧАК: Не добив никаков ултиматум

Не добив ултиматум од меѓународната заедница, вели косовскиот премиер Албин Курти за северниот дел од Косово. 

Тој вели дека на состанокот со специјалниот претставник на САД за Западниот Балкан Габриел Ескобар и претставникот на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина, Мирослав Лајчак разговарал и понудил „сигурен излез од кризата на северот“.

„Не добив никаков ултиматум, со претставниците се сретнав и разговаравме. Понудив сигурен начин за стабилен излез од кризата на северот на Косово предизвикана од нелегалните структури. Првиот и основен е владеењето на правото. Десетици НАТО војници, косовски полицајци и новинари беа жртви на невидена бруталност на насилните екстремисти“, кажа Курти.

Ескобар рече дека Курти е должен до петок да се изјасни за прашањето за изборите на северот од Косово, како и дека нема план Б за договорот од Охрид кој мора да се спроведе и дека веднаш мора да почне формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство.

Според Ескобар, ако Курти не ги прифати трите услови, тогаш е јасно дека не сака соработка со САД и ЕУ и тоа не може да помине без последици.

Во Звечан неодамна имаше немири, затоа што косовските Срби не ги прифаќаат за легитимни градоначалниците Албанци, бидејќи српскиот народ ги бојкотираше изборите. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести