Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курти вели Косово не е исто со Каталонија и Баскија и бара Шпанија да ја признае неговата земја

Курти вели Косово не е исто со Каталонија и Баскија и бара Шпанија да ја признае неговата земја

Шпанија треба да го признае Косово, не е исто како со Каталонија, вели косовскиот премиер Албин Курти. 

Тој за весникот „Ел Паис“ изјави дека случаите на Каталонија и Баскија не се исти како случајот со Косово, пренесе РТК2.

„Знам дека има поплаки, но како што рече нашиот голем писател Исмаил Кадаре, Шпанија никогаш не треба да се споредува со Србија, бидејќи Србија изврши геноцид на Косово. Верувам дека со признавањето на Косово, Шпанија ќе покаже дека Каталонија и Баскија се различни случаи“, рече Курти.

Тој изјави дека Русија со сите сили се обидува да ја зголеми нестабилноста на границите на Европската унија(ЕУ).

Шпански политичари претходно имаат изјавувано дека Косово е квази држава. Шпанија не дозволи Каталонија да се одвои иако одржаа референдум за независност. 

foto Facebook

Слично

Поврзани вести