Курти вели дека Косово е под закана од Србија и Русија и бара повеќе војници на КФОР
Kосово бара повеќе војници на КФОР да дојдат на нивна територија.
Премиерот Албин Курти побара зголемување на бројот на војници на КФОР на Косово.
Тој во интервју за германски Велт се заложи за зголемување на бројот на припадници на КФОР на Косово.
Курти вели дека тоа би ѝ помогнало на Приштина во „одвраќањето на заканите од Србија и Русија“. Тој ги повтори тврдењата дека Србија и Русија тесно соработуваат и дека поради заканата од Србија и Русија итно е потребно да се зголеми бројот на НАТО војници на Косово.
Слично
