Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курти тврди дека Србија веќе се откажала од Косово, а со поддршката за Русија ја напушта Европа

Курти тврди дека Србија веќе се откажала од Косово, а со поддршката за Русија ја напушта Европа

Поддржувајќи ги Путин и Лавров ја напуштате Европа, им порача косовскиот премиер Аљбин Курти на политичарите во Белград. 

Според него,  „обидот на Србија да ја дестабилизира ситуацијата на Косово нема да успее“. Косовскиот премиер тврди дека обидот на српските власти ќе биде неуспешен, затоа што, според него, Косово е силна демократија. Тој кажа дека од 1 ноември се изречени опомени на возачите на автомобили кои имаат регистарски таблички издадени од Србија на територијата на Косово.

„До денес се изречени вкупно 843 опомени. Инциденти немало. Така ќе продолжиме три недели, односно до 21 ноември, кога ќе почнат казните по закон. Во меѓувреме, граѓаните со нелегалните регистарски таблички КМ, ПР и така натаму, ќе можат да ги сменат за легални РКС со големи даночни олеснувања.

Тој изјави дека Србија со Кумановскиот договор од 1999 капитулирала и се простила од Косово. Курти ги повика Срби да не ги бојкотираат институциите на Косово.

Слично

Поврзани вести