Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курти тврди дека напролет Србија ќе го признае Косово

Курти тврди дека напролет Србија ќе го признае Косово

Напролет се очекува меѓусебно признавање на Србија и Косово, вели косовскиот премиер Албин Курти. 

Вели дека по прогласувањето на независноста, Република Косово станала нормална држава, но дека Србија тоа не е, и дека, како што вели, тоа е работа на српскиот народ.

„Нормализирањето на односите значи дека на крајот имаме договор, договор кој е меѓународно правно обврзувачки и во кој како фокус имаме меѓусебно признавање. Знаете дека Косово не ја признава Србија, Србија не го признава Косово и сега имаме рок за тоа меѓусебно признавање да се спроведе некаде на пролет следната година. Ова е договор кој беше постигнат и кој Србија го прифати“, рече Курти.

Србија како што вели тој прифатила и отворање на преговорите што ќе се базираат на понудата од Брисел, кој го поддржуваат Франција, Германија и САД. Планот, како што вели, е следната или неделата по таа да се организира средба во Брисел на која ќе почнат преговорите за нормализација на односите. Проблемот, според Курти, е да се верува дека  српскиот претседател Александар Вучиќ ќе го испочитува договорот.

Слично

Поврзани вести