Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУРТИ СО НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ НА ИЗБОРИТЕ ВО КОСОВО - сепак далеку од стабилна победа

КУРТИ СО НАЈМНОГУ ГЛАСОВИ НА ИЗБОРИТЕ ВО КОСОВО - сепак далеку од стабилна победа

Левичарското националистичко движење „Самоопределување“ на косовскиот премиер Албин Курти води со освоени нешто на 43 проценти од гласовите на вчера одржаните избори.

Станува збор за нецелосни прелиминарни резултати од вчера одржаните предвремени парламентарни избори. Податоците засега ги опфаќаат само гласовите од територијата на Косово. Гласањето во дијаспората по пошта и во дипломатските претставништва на Косово во 30 земји беше спроведено во периодот од 21 мај до 6 јуни. 

Според досегашните пербројани гласови, движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори. По пребројувањето на најголемиот дел од гласачките ливчиња, Самоопределување има околу 43 проценти од гласовите, пред Демократската партија на Косово со околу 22 проценти и Демократскиот сојуз на Косово со речиси 18 проценти.

Од обработени 99 отсто од избирачките места, податоците на страната на Централната изборна комисија, покажуваат 297 286 гласови за Самоопределување, 145 873 за Демократската партија и 121 956 за Демократскиот сојуз.

Сепак, изборниот резултат не води кон излез од политичката криза, со оглед на тоа што Курти освои помалку гласови од изборите одржани пред шест месеци.

Резултатот претставува значителен пад за Курти во споредба со претходните изборни циклуси, на предвремените избори во декември 2025 година достигна над 51 процент и освои убедлива победа.

Поддржувачи на „Самоопределување“ вчера вечерта се собраа во центарот на Приштина за да ја прослават изборната предност.

Во меѓувреме, косовските власти соопштија дека се приведени пет лица под сомнение за изборни прекршувања, додека други 12 се ослободени во редовна постапка.

Полицијата соопшти дека изборниот процес генерално поминал мирно и без посериозни инциденти.

Обвинителството наведе дека се водат истраги за нарушување на тајноста на гласањето, злоупотреба на правото на глас и поткуп.

Овие избори се трети предвремени парламентарни избори во Косово во период од помалку од 18 месеци, во услови на продолжена политичка криза и блокади во функционирањето на институциите.


Слично

Поврзани вести