Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курти смета дека обединувањето со Албанија може да доведе до Трета балканска војна

Курти смета дека обединувањето со Албанија може да доведе до Трета балканска војна

Референдум за обединување со Албанија, но не по цена на граѓанска војна, порачува лидерот за самоопределување Албин Курти. 

Тој  изјави денеска дека е за референдум за обединување, но не и ако тоа доведе до Трета балканска војна. Курти за Оксфордскиот политички весник изјави дека може да се постигне конечен договор со Србија.

„Ние мора да поставуваме јасни барања едни на други. Србија има некои барања за Косово, како и ние за нив. Покрај тоа, потребно е да се ревидираат сите 33 прелиминарни договори од Брисел, кои не се спроведуваат. „Ние мора да го затвориме тоа поглавје за да одиме напред“, рече Курти.

Тој посочи дека Белград не треба да се идентификува со Слободан Милошевиќ и да жали за загубата на Косово и тврди дека е подготвен да ги сослуша сите потреби и барања на Србите од Косово.

Европската Комисија и САД го опоменаа екс премиерот Рамуш Харадинај за оваа идеја за обединување. 

Слично

Поврзани вести