Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курти се жали и бара Западот да го опомене Белград

Курти се жали и бара Западот да го опомене Белград

Koсово бара од Западот да ја опомене Србија, обвинувајќи ја дека не сака договор. 

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Србија не сака договор со Косово и дека причина за тоа е што на српскиот претседател, Александар Вучиќ му пречи напредокот што го бележи косовската држава, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Ние воопшто не сакаме да го ставиме под знак прашање принципот на реципроцитет. До посредникот е да даде објаснување зошто конкретно не е постигнат договорот, кој бил многу блиску и за кој и Лајчак се заложил многу“, изјави Курти за косовскиот јавен радиодифузен сервис, РТК.

Тој побара од меѓународниот фактор да им даде до знаење на српските власти дека „не можат повеќе да продолжат така“.

Поради кандидатурата на косовските власти за членство во Советот на Европа, претседателот на Србија свика итна седница на Советот за национална безбедност, со образложение дека Приштина го прекршила Вашингтонскиот договор, кој Белград и Приштина го потпишаа во 2020 година, под покровителство на тогашниот американски претседател Доналд Трамп. 

Во белградските медиуми веќе извесно време се шпекулира дали Србија има нови земји кандидати за повлекување на признавањето на Косово. Се шпекулираше за цврстите ветувања на 14 земји. 

Слично

Поврзани вести