Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курти се закани дека нема да ги трпи барикадите на Србите

Курти се закани дека нема да ги трпи барикадите на Србите

Косовскиот премиер Албин Курти се закани дека нема да ги трпи барикадите на Србите на северот на Косово. Курти рече дека „државата никогаш не била повеќе на колосек“.

За отстранувањето вели дека се во постојан координација со мировната мисија на НАТО и КФОР. Вели дека уште малку време ќе ги толерираат. 

„Но, не заборавајте дека тоа што во последно време го прават нелегалните структури на Србија претворени во криминални банди е почетокот на нивната последна фаза“, рече Курти. 

Србите на северот на Косово веќе десет дена ги блокираат патиштата поради приведувањето на нивниот сограѓанин Дејан Пантиќ, кој е поранешен припадник на косовската полиција. Обвинет е за учество во нападот на просториите на Централната изборна комисија во Северна Митровица на 6 декември.

Во четири општини, населени со мнозинско српско население, на 18 декември требаше да се одржат вонредни локални избори, откако досегашните градоначалници и членови на советите поднесоа оставки на функциите поради намерите на косовската влада да изрекува казни за тие што не ги смениле нелегалните српски со косовски регистерски таблички. 

Курти упати критика кон српските власти, по барањето на српскиот претседател, Александар Вучиќ за дозвола за влез на српската војска во сверно Косово. Ги обвини дека останале во 19 или 20 век. Инаку, Србија побара од КФОР до 1.000 нивни војници да се вратат на Косово, затоа што Србите не се чувствуваат безбедно. 

Слично

Поврзани вести