КУРТИ ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНУВА: Не можеме до недоглед да толерираме барикади, по Божиќ итна средба со КФОР!
Премиерот на приштинските привремени институции Аљбин Курти изјави дека КФОР побарал повеќе време за отстранување на барикадите, но дека тоа не може да се толерира до бескрај, бидејќи барикадите ја попречуваат слободата на движење, пренесува Телеграфи.
- Кфор бараше некое време, но денеска поминаа две недели откако се поставени барикадите. Тие ја попречуваат слободата на движење. Сега има 11 барикади, кои, како што знаете, не се цивилни, туку униформирани. Му дадовме време на Кфор токму затоа што слободата на движење од позицијата на Кфор се смета за основна вредност - рече Курти.
Според него, по Божиќ ќе се сретне со командантот на КФОР, каде се ќе биде разјаснето.
- Бидејќи утре е Божиќ, наскоро ќе имаме средба со командантот на КФОР, но тоа не може да се толерира до недоглед и не можеме да дозволиме да поминат уште неколку недели без нашата слобода на движење. На средбата што ќе ја имаме, верувам дека се ќе се разјасни – рече Курти.
