Курти: Не знам чии дронови влегуваат во Србија
Властите во Косово тврдат дека немаат врска со дронот кој Србија деновиве го собори над Рашка. Премиерот Албин Курти изјави дека не знае чиј бил дронот.
„Прашајте ја Србија и Вучиќ. Не знам јас ништо. Не знам чии дронови влегуваат во Србија“, кажа Курти.
Тој вели дека не планира да одговара на прашања кои се поврзани со случувања на српска територија.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ , изјави дека Албин Курти му задал смртоносен удар на Бриселскиот договор со неговите изјави во Берлин за Заедницата на српските општини.Koсовските Срби велат дека им останува или со трактори да си заминат или да се одбранат.
Седницата на Владата на Србија, каде претседателот на државата Александар Вучиќ ќе ги информира членовите за ситуацијата на Косово, ќе се одржи утре.
Вучиќ ги откажа сите посети во странство поради ситуацијата на Косово и Метохија, јавуваат локалните медиуми. Тој му се извини на својот голем пријател, претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел Сиси, што го откажал присуството на состанокот COP 27, кој се одржува во Шарм Ел Шеик од 7 ноември.
