Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курти ги повика Србите да ги отстранат возилата од патиштата, вели Вучиќ сака ескалација

Курти ги повика Србите да ги отстранат возилата од патиштата, вели Вучиќ сака ескалација

Косовскиот премиер Албин Курти им порача на Србите да се повлечат од блокадите, и според него, српскиот претседател Александар Вучиќ сака ескалација. 

Тој ги повика косовските Срби да ги отстранат возилата со кои ги блокираат патиштата. Курти тврди дека одлуката за реципроцитет на регистарските таблички е фер. Тој додаде дека преземените мерки важат за сите, без дискриминација и привилегии за кого било. Курти го обвини претседателот на Србија, Вучиќ дека е единствениот кој има корист од инциденти. Вели дека Приштина е за дијалог и предложи и Белград и Приштина да ги укинат привремените таблички и така да им дозволат на граѓаните послободно да се движат.

Властите во Приштина од понеделникот на административните премини српските регистарски таблички ги менуваат со привремени, на кои се плаќа такса од пет евра. Приштина на премините Јариње и Брњак испрати и специјални единици на полицијата РОСУ.

фото EPA-EFE

Слично

Поврзани вести