Курти дал гаранции - Борел вели има договор за личните карти
Српските и косовските власти нашле компромис.
„Србија и Косово го решија етничкиот спор околу движењето на граѓаните преку нивната граница“, изјави шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, пренесува Ројтерс.
„Во рамките на дијалогот олеснет од ЕУ, Србија се согласи да ги укине документите за влез/излез за имателите на косовски лични карти, а Косово се согласи да не ги воведува за сопствениците на српски лични карти. Косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија користејќи ги нивните лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Курти за таа цел“, напиша тој.
Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно рече дека тешко ќе најдат компромис. ЕУ се плашеше од ескалација на односите меѓу Косово и Србија.
Слично
