Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУРТИ ЧУВСТВУВА „ПОЛИТИЧКА ДОЛЖНОСТ“: Ќе прими одбиени мигранти од Британија

КУРТИ ЧУВСТВУВА „ПОЛИТИЧКА ДОЛЖНОСТ“: Ќе прими одбиени мигранти од Британија

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Косово чувствува „политичка должност“ да ги процесира одбиените мигранти од Велика Британија, доколку можат да се надминат правните проблеми. Како што пренесува Скај њуз, Курти изјави дека има „ограничен капацитет“ во малата нација, која има население помалку од два милиони луѓе, но дека очекува „успешен резултат“ од преговорите.

Во тек се разговори, потврди тој, меѓу претставници од двете земји за договор за враќање на мигранти за оние чии барања се прогласени за неподобни од Велика Британија и чекаат депортација во нивната земја на потекло.

Тим на Министерството за внатрешни работи истражува опции за тоа како би можеле да функционираат, дознава Sky News, иако сè уште не е поднесено формално барање до Косово за сместување на ваков објект.

foto Facebook/Albin Kurti

Слично

Поврзани вести