Куршуми, сребро, па дури и ракија – се шверцува сè и сешто!
Вкупно 480 литри домашна ракија откриле царинските службеници на патот Катланово-Петровец. Вредноста на ракијата е проценета на 96.000 денари.
Ова е само една од серијата заплени изминатава недела. Царината открила и сребрен накит, муниција за автоматско оружје, па дури и тапети. Шверцери преку граница се обиделе да внесат 95 сребрени синџирчиња, со вкупна маса од 200 грама, вредни околу 37.000 денари.
Од муниција, откриени се 70 куршуми за автоматско оружје, на граничниот премин Богородица. Под тапацирот, во фабричките празнини на багажниот простор на возилото пронајдени се 30 куршуми за автоматска пушка со калибар 7,62 мм и 40 куршуми за автоматски пиштол, од кои 39 куршуми со калибар 7,62 мм и 1 куршум со калибар 7,65 мм.
Вкупно 102 непријавени ролни хартиени тапети се откриени во возило на патот Куманово-Крива Паланка, кај возач кој не поседувал никакви документи за нив.
Слично
