Економија, финансии, бизнис

Контакт

Куршум и писмо со закани по живот за Јанес Јанша

Куршум и писмо со закани по живот за Јанес Јанша

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша и министерот за одбрана Матеј Тонин на домашна адреса добиле писма со закани по живот, објави телевизијата Н1. Во писмата имало и куршуми од поголем калибар.

Јанша во писмото добил и слика од него со нацртана цел. Непознатиот испраќач во писмото се заканил и на семејството на словенечкиот премиер и додал дека Јанша „прв ќе падне“, а истата судбина ќе ги снајде приврзаниците на неговата влада. Министерот Тонин за Н1 потврди дека добил писмо со куршум, а заканата гласела: „Мислите дека војската ќе ви помогне. Нема кога ќе ти судиме на народен начин. И тоа време наскоро доаѓа. Директно во глава“.

Слично

Поврзани вести