Куркума со пестициди повлечена од пазарот во Хрватска
Хрватското министерство за земјоделство вчера објави дека два производи од куркума се повлекуваат од продажба поради утврденото присуство на 2-хлоро етанол.
Повикот се однесува на производите од bio&bio SuperFood Куркума од 150 гр и Orgon SuperFood Куркума od 150 гр поради утврдениот 2-хлоро етанол, дел на пестицидот етилен оксид, објави хрватската Агенција за земјоделство и храна, пренесува Хина.
Производите не се во согласност со Регулативата на Европската унија за максимално ниво на остатоци од пестициди во или за храна и добиточна храна од растително и животинско потекло.
Според податоците за производот, големопродажбата ја вршат Z-Company BV, Nuenen, Холандија, а компанијата Биовега од Загреб ги пушта на хрватскиот пазар, се додава во информацијата.
