Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курдски милитанти стојат зад крвавиот напад во Истанбул, Ердоган рече скапо ќе платат

Курдски милитанти стојат зад крвавиот напад во Истанбул, Ердоган рече скапо ќе платат

Курдската милитантна група Курдски соколи на слободата (ТАК) сама се јави и ја презеде одговорноста за двојниот бомбашки напад кој вчера во центарот на Истанбул однесе 38 жртви, меѓу кои голем број на полицајци, а рани уште 166.

Групата, која турските власти ја сметаат за блиска на забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) на својата интернет страница објави соопштение во кое се вели дека „одмазничкиот одред на ТАК ги изведе истовремено нападите кај стадионот ‘Водафон арена’ во Истанбул и во паркот Мачка околу 22,30 часот по локално време“, пренесува АФП.

Кај стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ експлодирала автомобил бомба, а во близината во паркот се разнел бомбаш самоубиец. Експлозиите одекнале во интервал помалку од една минута.


Турските владини функционери претходно ја обвинија ПКК за тој напад. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека дека Турција до крај ќе се бори против тероризмот.

„Мојата нација и народот нека бидат уверени: ќе се бориме до крајот против проклетството на тероризмот. Нема да дозволиме овој напад нема да мине неказнето. Скапо ќе платат“, изјави Ердоган за новинарите во Истанбул.


Слично

Поврзани вести