Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курдите протестираат поради „Шарли Ебдо”

Курдите протестираат поради „Шарли Ебдо”

Над 70 илјади жители во турскиот град Дијарбекир, со мнозинско курдско население, извикувајќи пароли како „Алах е голем“, „Ѓаволи од Шарли, не го клеветете мојот пророкот“ и „Проклети да се оние што велат 'Јас сум Шарли'“.

Протестот го организира граѓанската организација „Платформа на оние кои го сакаат Пророкот“, кои се дел и од политичкото крило на турскиот Хезболах, Худа-Пар. Во текот на двоцасовните протести некои од присутните извикуваа и „Да живее Хезболах“. Францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ на насловната страница од последниот број, кој е и прв издаден по нападот на 7 јануари кога беа убиени 12 лица, го прикажаа пророкот Мухамед како плаче и држи натпис „Јас сум Шарли“ на француски јазик.
Слично

Поврзани вести