КУРДИТЕ ЈА ПРЕЗЕМАА ОДГОВОРНОСТА: Нападот во Анкара беше наша одмазда за Турција!
Екстремистичката група активна во Турција, Јастреби на слободата на Курдистан, ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара во кој загинаа 37 лица.
Таа група во соопштението на својот сајт објавила дека нападот е изведен во неделата како одмазда поради операциите во мнозинскиот курдски југоисточен дел на земјата кои траат од јули и во кои загинале над стотина цивили, припадници на безбедносните сили и екстремисти, пренесе Ројтерс.
ТАК претходно презеде одговорност и за минатомесечниот напад во Анкара во кој 29 лица беа убиени.
Таа група тврди дека се отцепила од Работничката партија на Курдистан.
Експертите кои ги следат курдските екстремисти, меѓутоа наведуваат дека тие останале во блиска врска.
Експлозија одекнала во близина на централниот Гвен парк во 18.35 ч а турскиот весник Хуриет наведе дека е во близина и зградата на Министерството за образование.
АП наведува дека експлозијата се случила близу до автобуската станица кај Кизилај плоштадот. Според наводите на приватните ТВ станици, експлодирал автомобил, додека станицата ТРТ извести дека експлозијата следела после судирот на автомобил и автобус.
Слично
