Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУРЦ ВО „МИНУС“,- КОЛКУ МУ СЕ НАМАЛУВА ПЛАТАТА: Како пратеник ќе зема тројно помалку од канцеларот

КУРЦ ВО „МИНУС“,- КОЛКУ МУ СЕ НАМАЛУВА ПЛАТАТА: Како пратеник ќе зема тројно помалку од канцеларот

На лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, ќе му биде драстично намалена платата откако поднесе оставка од функцијата канцелар.

Како канцелар, Курц примал месечна плата од 22.618 евра.

Со преселбата во собраниските клупи, сега ќе добива „само“ 9.228 евра бруто, месечно, како пратеник.

Бидејќи ќе ја преземе функцијата шеф на парламентарниот клуб, неговиот приход ќе изнесува вкупно 15.380 евра бруто, месечно.

Испаѓа дека оставката го „чини“ „минус“ во паричникот од 7.238 евра месечно.


Слично

Поврзани вести