КУРЦ НЕМИЛОСРДЕН: Балканците кои работат во Австрија го губат ова право
Владата во Австрија претстави нацрт реформи со кои се намалува додатокот за деца кои живеат во странство, а родителите им работат во Австрија.
Со тоа посебно ќе бидат погодени работници од источно европските земји на работа во таа земја.
Мерката е дел од програмата на коалиција под водство на канцеларот Себастијан Курц. Тој оценил дека тоа е „апсолутно потребно бидејќи Австрија префрла стотици милиони евра за детски додатоци во странство, што не е праведно бидејќи трошоците за живот во Романија и други земји сепак се нешто пониски од оние во Австрија“.
Конкретно по одлуката, висината за додаток на деца кои живеат во други земји на ЕУ ќе биде прилагодена на трошоците на живот на оние земји во кои живеат.
Таа мерка треба да биде изгласана во парламентот оваа година и да стапи на сила во 2019, пренесува Index.
