Економија, финансии, бизнис

Контакт

Курц: БиХ има неопходна потреба од реформи и развој

Курц: БиХ има неопходна потреба од реформи и развој

На Босна и Херцеговина и треба нов Устав, изјави министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц.

- Граѓаните заслужуваат да живеат во земја која има функционална политичка структура, изјави Курц за Танјуг, додавајќи дека Босна и Херцеговина има неопходна потреба од реформи и развој.

Според Курц Дејтонскиот договор бил добар за воспоставување на мир, но дека сега е потребен нов Устав.

Тој истакна дека е потребен систем што функционира и соодветен број членови на влада со јасни надлежности.

Курц, меѓу другото, нагласи дека особено е важно ситуацијата во Босна и Херцеговина да не се претвори во етничко-верски конфликт.

Австрискиот министер за надворешни работи истакна дека е особено важно БиХ да знае дека има земји како Австрија што ја поддржуваат и дека земјата има среднорочна перспектива за приклучување кон ЕУ.

Слично

Поврзани вести