Економија, финансии, бизнис

Контакт

Купувачот НЕ е секогаш во право

Купувачот НЕ е секогаш во право
Купувачите често се лутат поради нељубезниот персонал, превисоките цени, лошите услуги и голем број други, најчесто објективни причини поради кои искуството за време на купувањето не е така добро како што треба да биде. Од друга страна, сите знаеме колку некои купувачи може да бидат некултурни и нељубезни. Премногу такви искуства има Петер Робиде (48), на кого лошите купувачи му се качиле на глава. Затоа одлучил да ја направи веб страната badconsumers.com на која заедно со другите продавачи може да си ги кажат и разрешат проблемите во врска со лошите купувачи. Како што сам вели, постои мал број на купувачи кои се свесни дека продавачот нема време, ниту пари за адвокати и натегнувања кој е во право, и ги користатт овие ситуации за буквално нешто да украдат. Тоа не се купувачи кои немаат пари, туку се модерни клептомани. Иако веќе многу медиуми ја осудија страната која помеѓу останатото содржи и листа на лоши купувачи, бројот на пријавени расте. Очигледно ниту годишната чланарина од 100 долари не е преголема препрека овие продавачи да стават крај на лошите купувачи. А сето тоа е во корист на останатите кои сакаат квалитетно да купуваат. Барем така тие велат.
Слично

Поврзани вести