Kупуваат вили вредни милиони во Грција
Цените на урбаните имоти во Грција се намалиле драстично - некои и до 50% во споредба со 2009 година, но истото не може да се каже за приморскиот дел, вклучувајќи ги и островските имоти кои се скапи.
Првиот бугарски бум на купување на имоти во Грција е по влегувањето во Европската унија во 2007 година и продолжува до 2012 година.
Интересот е главно од страна на луѓе кои често патуваат до Грција на одмор.
Вредноста на купените имоти започнува од 40 000 евра и стигнува до 250 000 евра во просек, но има и вили купени за над 1 милион евра.
Но, цените во Атина, Солун и другите градови се доста ниски, и дури се поевтини од оние во Софија, Пловдив и Варна.
Интересот на Бугарите е насочен кон купување главно во реонот меѓу Кавала и Солун, бидејќи е поблиску до границата и полесно може да се оди на одмор во текот на летото, велат од неколку различни агенции.
Купуваат најчесто стан или куќа од 60-80 квадрати со 250 до 400 квадрати парцела.
