Економија, финансии, бизнис

Контакт

Купуваат куќи на младите кои сакаат живот на село

Купуваат куќи на младите кои сакаат живот на село

Младите брачни двојки кои сакаат да живеат на село, до 21 декември можат да конкурираат за неповратни средства. 

Оваа поволност ја нуди општина Лозница во соседна Србија. Предност имаат ветеринари, инженери, просветни и здравствени работници. 

За оваа намена Лозница ќе издвои 5 милиони динари за да им помогне на семејствата со деца. 

Секое семејство може да добие максимум милион динари. 

Услов за конкурирање е да не се постари сопружниците од 40 години. 

Тие треба да се најмалку една година во брак и најмалку три години да живеат во град. 

Ако добијат субвенции, 20 години нема да можат да ја отуѓуваат куќата. 


Слично

Поврзани вести