Куповната моќ на Грците е преполовена, нема веќе ни јадење во таверни!
За 50% се намалила куповната моќ на Грците, покажува најновото истражување на Конфедерацијата на професионалци, занаетчии и трговци во Грција , oбјави весникот „Та неа“.
Според ова истражувањето околу осум од десет Грци го ограничиле купувањето на основни прехранбени продукти. Половина од анкетираните признаваат дека би купиле стока без фискална сметка, ако имаат корист од тоа, односно ако им ја дадат поевтино.
Претседателот на Конфедерацијата, Димитрис Асимакопулос истакна дека 93 проценти од учесниците во истражувањето изјавиле дека приходите во последните три години им се намалени.
Речиси 94 проценти од анкетираните изјавиле дека прекинале да одвојуваат трошоци за ресторани.Инаку очајни граѓани на Атина се тепале за бесплатен зеленчук и овошје, кој го делеле земјоделците кои се незадоволни од политиката на владата кон нив. Неколкумина граѓани при поделба на храната, и стампедото биле полесно повредени.
Слично
