Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУПОВНА МОЌ ВО ЕУ: Соседите живеат најлошо

КУПОВНА МОЌ ВО ЕУ: Соседите живеат најлошо

Во Eвропската Унија(ЕУ) најскромно живеат жителите на две соседни држави. Станува збор за Бугарите и Грците.

Само Бугарите живеат посиромашно од Грците во ЕУ. Нивната куповна моќ едвај достигнува 60 отсто од просекот на ЕУ, а според најновите наоди на Заводот за статистика на ЕУ, куповната моќ и бруто-производот по жител во западниот Балканот е уште послаб – само некаде околу 50 отсто од просекот на ЕУ, пренесува агенцијата Бета.

Најбогати се граѓаните на Луксембург и Ирска, со 140 односно 112 отсто над просекот на ЕУ, а потоа следат Холанѓаните, Данците и Австријците. Французите се точно во средината, а позади, заедно со Грците и Бугарите, има и Литванци, Словаци и Хрвати.

foto freepik.com/jcomp

Слично

Поврзани вести