„Купи сончев колектор-аплицирај за субвенција“
отворен ден под мотото „Купи сончев колектор-аплицирај за субвенција“ се организира денеска.
Министерството за економија и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ денеска организираат Отворен ден под мотото „Купи сончев колектор-аплицирај за субвенција“.
Целта на овој настан е промоција на употребата на сончеви колектори во домаќинствата и искористување на сончевиот потенцијал на нашата земја.
На настанот, што ќе се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Старата скопска чаршија ќе присуствува министерот за економија Ваљон Сарачини.
Предвидено е на настанот неколку македонски производители на сончеви колектори да ги претстават своите производи, со што на граѓаните ќе им се овозможи да добијат бесплатни совети за тоа како работат сончевите колектори.
Слично
