„КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ”: Општините нудат парцели за едно евро на квадрат
За реализација на проектот „Купи куќа за млади” општинните во наредните неколу месеци на продажба ќе нудат изградба на куќи со почетна цена од едно евро за метар квадратен.
Овие подготовки следат откако Владата предложи финансиски да ги поддржува општините во спроведување на проектот. Таа ќе ги покрива трошоците на општините за градба на водовод, канализација и пат, посебно оние кои ќе обезбедат 100 и повеќе локации за куќи и тоа преку Програмата за рурален развој
Граѓаните кои ќе се одлучат да бидат дел од проектот „Купи куќа за млади“ можат да избираат меѓу две опции. И тоа 100 отсто субвенционирање на учество, за кредит од 50 илјади евра, односно неповратната помош од 12.500 евра и варијантата за субвенционирање на 80 отсто од месечната рата во период од 8 години и 50 отсто во следните 3 години, што е помош од 6.500 до 32.500 евра без обврска за враќање на парите.
Услов е апликантот да биде на возраст до 35 години (важи и за луѓе со полни 35 години), насвое име да нема друг стан или куќа (во брачна заедница ова важи за двајцата брачни другари). За поединец, максималните месечни приходи треба да бидат помали од 900 евра, а горната граница за брачна двојка е 1.300 евра.