„Купи куќа, купи стан“ со отворена канцеларија за граѓаните
Со цел поедноставно да се информираат граѓаните како најбрзо да дојдат до сопствен дом денеска во Министерството за финансии е отворена канцеларијата „Купи куќа, купи стан“ која во периодот од 10 до 15 часот ќе биде отворена за заинтересираните граѓани.
Сите заинтересирани ќе можат да се информираат како да добијат субвенција од Владата за станбен кредит, која може да достигне до 14 илјади евра неповратни средства, каде има станови до 900 евра за метар квадратен, каде има плацеви за изградба на куќа и.т.н.
Министерството за финансии информира дека посетеноста е голема и нагласува дека целта на канцеларијата е максимално да се поедностави постапката и граѓаните најбрзо да дојдат до сопствен дом.
Проектот „Купи куќа, купи стан“ е наменет за граѓаните кои го немаат решено станбеното прашање.
