Кумуцакос се лути на Димитров и тврди дека неговата изјава е неприфатлива
Пратеникот на Нова демократија, Јоргос Кумуцакос изјави дека се неприфатливи изјавите на министерот за надворешни работи, Никола Димитров дека Скопје отфрла било какви преговори за наводна „македонска етничка припадност“, јавува дописникот на Македонската информативна агенција (МИА).
Кумуцакос вели дека таквите изјави го покажуваат патот, односно утре на плоштадот Синтагма изразувањето на националната чувствителност.
За утре, во Атина се најавува голем протест под мотото „Македонија е грчка“ против употребата за терминот „Македонија“ во решението за спорот за името. Според весникот „Катимерини“, протестот наместо во центарот на Атина ќе се одржи во Пиреја, за да не создаде сообраќаен хаос во градот.
Димитров претходно изјави дека ако се чепне идентитетот, тогаш нема да има решение што е жално да не се препознае таква шанса од двете земји.
Слично
