Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумуцакос има повеќе барања за да се реши името

Кумуцакос има повеќе барања за да се реши името

Oдговорниот за надворешна политика во опозициската,  Нова демократија  Јоргос Кумуцакос вели дека за да се реши името потребно е елиминирање на иредентизмот, име прифатено од Грците, име за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав. 

По средбата со медијаторот, Метју Нимиц тој  вели дека брифингот  за жал, не ја намалил загриженоста на опозициската партија. 

„Решението треба да биде едно и неделиво и да предвидува: Прво, елиминирање на сите форми на иредентизам од соседната земја. Второ, име прифатено од Грците и трето усвојување на името за севкупна употреба и од сите. Очигледно е дека единствена гаранција за сѐ ова е промената на скопскиот Устав“ - вели Кумицакос. 

Нимиц утре доаѓа во Скопје. 

Слично

Поврзани вести