Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумуцакос: Ципрас нема политички легитимитет да ја обврзе земјата, бараме итна расправа

Кумуцакос: Ципрас нема политички легитимитет да ја обврзе земјата, бараме итна расправа

Доколку Алексис Ципрас му се јави на Мицотакис да го информира за договорот за името, тогаш лидерот на опозициската Нова демократија ќе побара расправа во парламентот пред да се потпише договорот, откри одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија Јоргос Кумуцакос, при гостувањето во емисија на државната телевизија ЕРТ.

Кумуцакос изјави дека пред Преспа и пред било каква одлука или договор, потребно е да се информираат и парламентот и граѓаните, затоа што смета дека и самото потпишување ја обврзува земјата, а Ципрас нема мнозинство и единство во неговата влада, со оглед на тоа што коалициониот партнер Панос Каменос е против сложено име со терминот Македонија.

„Ципрас нема политички легитимитет да ја обврзе земјата, бараме итна расправа во парламентот, за грчкиот народ да дознае, пред да се обврзе, што содржи договорот“- вели Кумуцакос.  

Одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, вели дека грчкиот народ треба да се информира за договорот, што содржи тој и што Грција доби, а што изгуби.

Слично

Поврзани вести