Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумашинот на Заев отвора фабрика за одгледување канабис и млекарница

Кумашинот на Заев отвора фабрика за одгледување канабис и млекарница

Кумашинот на премиерот Зоран Заев, Горан Митров - Гна, во еден ден основаше друштво за одгледување на канабис и млекарница со адреса во Сушица во општина Ново Село.

Податоците од Централниот регистар покажуваат дека струмичкиот бизнисмен на 13 декември поднел пријава за основање на друштво за производство, трговија и услуги „Канабис ГНА“. Дејноста е одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и на растенија за употреба во фармацијата.

На истиот ден Митров поднел пријава за основање на „Млекара ГНА“, за преработка на млеко и производство на сирења, исто така во Сушица.

Митров е познат како амбициозен фармер во Струмица и околината, но и по тоа што во некои медиуми веќе се пишуваше дека му е кумашин на премиерот Заев и бизнис-партнер со членови од неговото семејство.

Во медиумите од претходно е објавено дека блиски членови од фамилијата на премиерот се сопственици на МАМ во Свети Николе и Фарма медика канабис во Валандово, но и делумни сопственици во уште неколку компании поврзани со канабисот.

Во моментов не е познато колку плантажи за одгледување на канабис имаат дозвола за работа, а Владата изминатата недела донесе решение за давање на одобрение на три фарми - Еуро Канн Демир Хисар, Пјурели Фарм Скопје и Ата-Фарм Груп Скопје.

Александар Кузмановски

Слично

Поврзани вести