Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановските стечајци се селат пред Влада

Кумановските стечајци се селат пред Влада
Стечајците од кумановското здружение „Унит“, дво часовните протести на влезот и излезот во Куманово ќе ги преселат пред Влада. Во шатори ќе чекаат државното раководство да ги исполни нивните барања. Очекуваат обесштетување на работниците кои останале без работа не по своја вина, и тоа  минимум 15 години работен стаж, и возраст 50 години за жени и 53 за мажи. Нивната битка за права трае веќе единаесет години. Најавија дека на 10ти Јуни по петти пат ќе достават предлог закон до владата, а велат ако треба и сто пати ќе предлагаат решенија но нема да се откажат од она за што се борат. -        Нашиот живот е многу тежок, бидејќи и социјалците земаат по некаков надоместок. Ние повеќе од десет години немаме никаков надоместок. Според член 32 од Уставот, имаме право да бараме надоместок, според кој државата треба да го обесштети работникот кој останал без работа до следно вработување или пензија, вели Љиљана Ѓорѓиевска, претседателка на „Унит“. Иако голем дел од нив го загубиле здравјето, а некои и животот во очекување на решение ќе останат доселедни на своите барања. Протестите кои ги организираат во Куманово засега велат дека се само предупредување за она што следува, ако власта не најде одговор на нивните прашања.  
Слично

Поврзани вести