Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановските стечајци не се задоволни од новиот закон

Кумановските стечајци не се задоволни од новиот закон
Здружението на стечајци Унит од Куманово не е задоволно од понуденото и усвоено законско решение за надомест. Според нивните пресметки, уште 6000 стечајци и натаму ќе останат на улица со нерешен статус. Претседателката на Здружението Лилјана Георгиевска за ТВ Телма вели дека повеќе од очигледно е дека власта не сака да го реши статусот на оваа категорија граѓани. „Состојбата од ден на ден се повеќе се влошува и може да ескалира“, додава таа. Едногласно, со 66 гласа „за“ Собранието попладнево ги донесе измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година. Законот е донесен по скратена постапка и со него ќе бидат опфатени лицата кои останале без работа како резултат на приватизација на компанијата која била во државна или доминантна државна сопственост до 31 декември 2013 година. Според министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, со ова законско решение се очекува да се реши горлив проблем на околу 3.000 стечајци. Тие ќе бидат материјално обезбедени со месечен надомест од околу 7.100 денари, односно 34 проценти од просечната плата исплатена за минатата година и плус здравствено осигурување. Лицата треба да имаат најмалку 25 години работен стаж, а во меѓувреме ако биле вработени, да не им е прекинат работниот однос по нивна вина или волја.
Слично

Поврзани вести