Кумановските средношколци на протест
Средношколците од Куманово најавија протест за денеска од 12 часот на градскиот плоштад, каде што ќе ги потенцираат нивните барања за измени во законот за средно образование, со кој математиката е трет задолжителен предмет за полагање државна матура.
Средношколците најавија дека ќе протестираат и пред Министерството за образование во Куманово, каде што ќе ги достават барањата и ќе побараат средба со нив за да се постигнат заеднички напори за измена на законот.
Слично
