Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановските средношколци и денес на протест

Кумановските средношколци и денес на протест
Повеќе од 800 средношколци во Куманово, денеска повторно ги напуштија училишните клупи и излегоа на протест против задолжителното полагање матура по математика. Заедно со учениците од албанските паралелки и стручните училишта, тие повторно ги вееја своите транспаренти ,,НЕ за математика”. Марширајќи низ кумановските улици, средношколците се упатија и до подрачната единица на Министерствотво за образование, за да ги достават своите барања. Тие велат дека настава нема да има, ако гласот не им биде чуен и дека протестот ако треба ќе го префрлат и во Скопје. Учениците бараат да се повлечат измените во законот за средно образование и предметот математика повторно да биде изборен. Ова е втор протест на средношколците во Куманово, а најавуваат дека ќе продолжат да маршираат на улиците сѐ додека не го добијат тоа што го бараат.  Тие веќе имаат поддршка од средношколскиот пленум и наставниците од кумановските училишта.
Слично

Поврзани вести