Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановските фирми не исплаќаат помали плати од минималните

Кумановските фирми не исплаќаат помали плати од минималните
Во Куманово нема отстапувања од спроведувањето на Законот за минимална плата, соопшти претседателот на регионалната синдикална организација,Миле Спасовски. Според него по извршената контрола на фирмите од страна на Регионалниот синдикален на 20 фирми од Куманово кои вработуваат околу 2.000 работници, утврдено е дека нема отстапување од спроведувањето на Законот за минимална плата Од кумановскиот синдикат информираат дека посетиле фирми и од текстилната и од чевларската индустрија, кои иако влегуваат во групата мали и средни претпријатија, заеднички вработуваат голем број работници. „Во синдикатот во изминатиов период ниту еден работник не побара помош околу исплата на минималната плата“, рече Спасовски.  
Слично

Поврзани вести