Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановски тутунски бос, Мексиканец со македонско потекло ... на „црната листа“ должници на УЈП

Кумановски тутунски бос, Мексиканец со македонско потекло ... на „црната листа“ должници на УЈП

Безмалку десет милијарди е сумата која ја должат јавни претпријатија на Управата за јавни приходи.

Ова станува јасно од последната листа на должници објавена од УЈП.

Имено, она што е позитивно на оваа листа е што бројто на должници - правни и физички лица од претходна листа е во пад.

Неминовни на црната листа на УЈП се и општини, јавни претпријатија, бизнисмени, знајни и помалку знајни фирми.

Закотвен на првото место на последната листа на УЈП е ТЕ-ТО АД Скопје а веднаш зад него на втора позиција е поранешната компанија за производство на автобуси на Мексиканецот со македонско потекло Ангел Кастиљо.

ЈП за одржување и заштита на магистрални и локални патишта, е сеуште прв на листата од сите државни должници и моментно неговиот долг е над четири милиони евра.

Македонската радиодифузија, општината Карпош, ЈСП „Скопје“, Водостопанство на Македонија, Агенцијата за цивилно воздухопловство се исто така на листата неплаќачи на данок на државата.

Должник и понатаму е и кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдији.

Слично

Поврзани вести