Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановски медиуми: Уапсениот функционер на СДСМ е Виктор Божиновски

Кумановски медиуми: Уапсениот функционер на СДСМ е Виктор Божиновски
Локални медиуми во Куманово го објавуваат идентитетот на уапсениот раководител на правниот сектор и висок функционер на СДСМ во оваа општина, кој вчера беше приведен под сомнение дека примал поткуп. Станува збор за поранешниот директор на кумановскиот „Водовод“ Виктор Божиновски, пишува порталот Кумановски муабети. Тој, според очевидците, бил уапсен вчера после 14 часот, додека седел во кафе – бар, лоциран зад спортската сала во Куманово. Божиновски беше уапсен во акција на Одделот за организиран криминал при МВР, под сомнение дека примил пари за да изврши противзаконско влијание. Тој е еден од најблиските соработници на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски. Полицијата за денеска најави повеќе детали за акцијата.
Слично

Поврзани вести