Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кумановската „Рапид Билд“ од денеска започнува со изградба на гасниот интерконектор со Грција

Кумановската „Рапид Билд“ од денеска започнува со изградба на гасниот интерконектор со Грција

Денеска кумановската компанија „Рапид Билд“ во близина на Неготино ќе почне со изградбата на гасниот интерконектор со Грција.

Со изведувачот беше потпишан договорот во мај, откако претходно достави најповолна понуда по завршувањето на повикот за избор на оператор.

Инвеститор е операторот на националната гасоводна мрежа НОМАГАС, а проектот ќе биде финансиран со интернационално кредитирање.

Компанијата „Рапид Билд“ понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на фирма од Србија.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, претходно изјави дека очекувањата се изградбата да трае 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година. 

Вкупната инвестиција е околу 60 милиони евра. Македонскиот дел од интерконекторот е во должина од 67 километри и е протега од Гевгелија до Неготино. Од грчка страна интерконекторот е со должина од 123 километри и тој е речиси готов. 

Гасното поврзување со Грција ќе и овозможи на земјава да има повеќе извори на природен гас затоа што во моментот единствената врска за природен гас е преку Бугарија.


Слично

Поврзани вести